Италијанските медиуми го обвинија агентот Мино Рајола дека е виновен што најкорисниот поединец на ЕВРО 2020 во својот клуб е резерва. Голманот Џанлуиџи Донарума од десет официјални мечеви на ПСЖ, бранеше само двапати. Италијанците ги боли што Џиџи е осамен во клубот и ретко добива прилика да брани.
Според „Кориере дело спорт“, бесплатниот трансфер на Донарума не бил технички проект, туку одмазда на Рајола кон Милан затоа што не му била исплатена менаџерска комисија во 2017 година, кога голманот потпишал четиригодишен договор со Росонерите. Пред да замине во Париз, Донарума бил пред премин во Јувентус, но новиот тренер Масимилијано Алегри ги запрел преговорите.
Да биде проблемот поголем, Донарума воопшто не знае француски јазик, јужноамериканскиот клан му сврте грб, а ако не брани, ќе му биде загрозена и единицата во дресот на националниот тим.