Агуеро спрема изненадување, може да заигра за еден од најголемите клубови во Аргентина

Некогашниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Манчестер сити, кратко и на Барселона, Аргентинецот Серхио Агуеро, може да ја обнови играчката кариера, доколку добие понуда од неговиот матичен клуб Индепендиенте и ако добие дозвола од кардиолог за повторно да игра.

Агуеро кој има 35 години, се повлече во 2021 поради срцеви проблеми. Популарниот Кун, играше за Индепендиенте во периодот 2003-2006 пред да прејде во Европа, во Атлетико Мадрид.

Агуеро кој е и бивш зет на Диего Марадона, би играл за Индепендиенте 10-20 минути и тоа на пријателски мечеви, пред конечно да стави крај на играчката кариера како фудбалер.

Тренер во клубот е Карлос Тевез.

„Ако ми се јави Карлитос, што сакате да направам? Нема одбивање. Ќе морам да разговарам со кардиологот“, рече Агуеро.

- Оглас -

Најнови вести