АИК Стокхолм го позајми Винсент Тил од Ворскла, 22-годишниот офанзивен играч за врска. Репрезентативецот на Луксембург доаѓа како засилување за тимот кој го предводи Бартош Гржелак во пресрет на реваншот против Шкендија во квалификациите од Лигата на конференции.
AIK Fotboll lånar Vincent Thill.https://t.co/j9qTtdNJlK
— AIK Fotboll (@aikfotboll) August 5, 2022
Тил веќе играше против АИК како член на Ворскла во второто коло од квалификациите, очигледно се истакна, пa поради тоа го заработи овој привремен трансфер.
Останува да се види дали АИК ќе го регистрира Тил за реваншот во Скопје, кој е предвиден за во четврток. Инаку вчера Шкендија одигра 1-1 на гостувањето кај АИК, што е одличен резултат за тетовци за возвратниот меч.