Ајнтрахт и Ренџерс се машини за голови, ќе се тресат мрежите и во Севилја

3429 Словачко – Спарта Прага (Чешка, Куп-финале, 17 часот)

Спарта е рекордер во независна Чешка со 7 пехари во националниот куп и денеска има шанса да си го подобри рекордот со осмиот трофеј.

Словачко загуби две финалиња и сè уште ја чека првата титула во Купот на Чешка. За трета среќа ќе треба да го победат гигантот од Прага, а имаат голем адут бидејќи ќе играат на свој терен во Ухерске Храдиште.

Голема заслуга за успехот на Словачко има Величе Шумуликоски, поранешниот македонски репрезентативец, сега спортски директор во клубот финалист, што ќе се обиде да ја изненади Спарта за прв пехар во Купот.

Словачко одигра солидно и во плејофот и заврши на четвртото место на табелата, со што си обезбедија настап во еврокуповите, но целта е конечно да се освои првиот пехар во историјата на клубот.

Пред една седмица ја победија Спарта на гостински терен во Прага, а и денеска нема да загубат во регуларниот дел од финалето.

Предлог тип: 1Х&2+ (1.93)

 

1641 Ексцелсиор – Хераклес (Холандија, плејоф за Прва лига, 18.45 часот)

Хераклес си направи од „готово вересија“ и со три порази во мај падна на 16-тото место во Првата холандска лига и мора да игра бараж-дуели за да остане прволигаш.

Чудесно е што нивните три порази ги искористи Спарта Ротердам и со три победи, со последната во директен дуел, си обезбеди опстанок.

Хераклес го почнува баражот во полуфиналето, а Ексцелсиор како второлигаш веќе одигра еден двомеч и ја елиминира Рода.

Гостите имаа поквалитетен тим и се фаворити, па ќе типуваме дека нема да загубат на меч со најмалку два гола.

Предлог тип: Х2&2+ (1.58) 

 

3012 Бреша – Монца (Серија Б, плејоф, 19 часот)

Играчите на Монца беа трагичари на регуларниот дел на шампионатот во Серија Б и со пораз во последното коло од Перуџа го загубија второто место што водеше во Првата италијанска лига.

Бреша потоа во четвртфиналето на плејофот ја елиминира токму Перуџа со 3:2 во драматичен меч по продолженија.

Сега во полуфиналето се игра двомеч, а Бреша е домаќин на првиот дуел. Монца е фаворит, Силвио Берлускони очекува играчите да го коригираат киксот и да се пласираат во Серија А.

Монца има за нијанса поквалитетен тим, а Бреша е со многу поголем рејтинг во италијанскиот фудбал, па некако мириса на нерешено на „Марио Ригамонти“.

Предлог тип: Х (3.10)

 

1037 Нортхемптон – Мансфилд (Англија, Лига 2 плејоф, 20.45 часот)

Мансфилд одигра подобро на првиот меч и со предност од 2:1 допатува на реваншот од полуфиналето во плејофот за Лига 1.

На стадионот „Сиксфилдс“, што е дом на Нортхемптон, во регуларниот дел од шампионатот Мансфилд загуби со 2:0, резултат што би ги елиминирал од плејофот.

Нортхемптон имаше одличен финиш на сезоната и на шест меча по ред остана непоразен во Лига 2.

Одиграа скромно на гостувањето во Мансфилд пред четири дена, па сега ќе мора да одат на победа за да останат во игра за финале на „Вембли“ и меч против Порт Вејл, или Свиндон за промоција во Лига 1.

Типуваме дека нема да загубат во реваншот, во меч со најмногу три гола.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.85) Квоти на денот на Sport Life

 

6021 Ајнтрахт Франкфурт – Глазгов ренџерс (Лига на Европа, финале, 21 часот)

Ајнтрахт и Глазгов ренџерс ќе играат меѓу себе за вториот клупски трофеј во европските купови, па мечот во Севилја на „Санчес Писхуан“ ветува спектакл.

И двете екипи играа извонредно, особено во елиминациската фаза. Глазгов ренџерс елиминира два поранешни европски прваци, Борусија Дортумнд и Црвена ѕвезда, а и двомечите со Брага и со Лајпциг не беа лесни.

Ајнтрахт го исфрли првиот фаворит за пехарот, Барселона, и тоа со клучна победа на гости, а популарните Орли имаа неверојатна авантура што ќе се памети.

На сите шест натпревари во фазата по групи постигнаа барем еден гол, а истиот подвиг го повторија и уште на шесте дуели во елиминациската фаза.

Ефикасен во нокаут-рундата беше и шкотскиот гигант, па ќе типуваме дека двете екипи ќе постигнат барем по еден погодок и во финалето.

Предлог тип: ГГ (1.72)

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести