Ајнтрахт и Леверкузен имаат серија од 21 меѓусебни дуели без реми

3776 Наполи – Интер (18.00 часот)

Наполи е во криза, веќе четири кола по ред не знае за победа, па тоа го искористи Интер кој минатото коло го презеде првото место. Наполи има шанса веднаш да се врати на врвот, но ќе мора да го добие дербито на последните два италијански шампиони и моментно водечки екипи во лигата. Интер го има најефикасниот напад, а Наполи најцврстата одбрана во Серија А. Интер губеше на претходните две лигашки гостувања, но победуваше на последните два дуели со Наполи во Неапол и тоа без примен гол. Есеноска на „Џузепе Меаца“ беше нерешено 1-1, а Интер утна пенал со кој можеше да победи.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.85)

 

2932 Ајнтрахт – Баер Леверкузен (18.30 часот)

Тимот од Франкфурт кој е трети на табелата, во минатото коло беше поразен од Баерн со 0-4, а сега пак игра со силен ривал кој има осум бодови повеќе од нив и само еден пораз сезонава. Последните пет меѓусебни дуели на овие екипи беа со три или повеќе голови. Интересно е последното реми помеѓу нив било уште во декември 2014 година. Имаат серија од 21 меча по ред на кои победувал или едниот или другиот тим.

Предлог тип: 2 & 3+ (2.60)

 

1487 Бетис – Реал Мадрид (18.30 часот)

Во претходните две сезони, Реал не успеваше да победи во Севилја против Бетис, Зелено-белите се незгоден ривал за гигантот од Мадрид. За Бетис добра вест е што му беше поништен црвениот картон на Антони, па разиграниот Бразилецот ќе игра, а Реал е со ослабен среден ред, ќе ги нема Белингам, Валверде и Себаљос, но и Бетис е некомплетен. Бетис е тим кој дома често игра нерешено. Есеноска во Мадрид беше 2-0 за Реал со два гола на Мбапе во вториот дел.

Предлог тип: Х2-2 (1.96)

 

1488 Атлетико М. – А. Билбао (21.00)

Атлетико и неговиот баскиски имењак се соседи на табелата, Јорганџиите имаат пет бодови повеќе од Билбао, но само еден помалку од Барса и Реал, па битката за титула е тесна. Двата тима се во добра форма, а есеноска Атлетико победи во Билбао со гол во 92-ра минута. Атлетик не победил на лигашко гостување во Мадрид уште од 2011 година. Билбао нема лигашки пораз уште од 6-ти октомври, во минатото коло постигнаа дури 7 голови, па на фаворитот нема да му биде лесно да триумфира.

Предлог тип: & 2-4 (1.96)

 

2926 ПСЖ – Лил (21.05 часот)

За ПСЖ нема дилеми дека и оваа сезона ќе биде првак на Франција, има 13 бодови повеќе од вториот Марсеј, а на Лил кој се бори за место кое води во ЛШ му бега 18 бодови. Лил има три победи на последните четири меча во лигата, а Светците уште не знаат за пораз. На претходните два меѓусебни дуели на овие екипи, резултатот беше ист, 3-1 за парижаните. Есеноска голот за Лил го даде Жегрова, но сега косовскиот фудбалер е повреден и нема да игра вечер.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.83)

- Оглас -

Најнови вести