Ајнтрахт им се врати на победите во Бундеслитата

Ајнтрахт Франкфурт со конечни 2-1 беше подобар од Баер Леверкузен во дуелот од 15. коло во Бундеслигата. Домаќините им се вратија на победите во германскиот шампионат по двата последователни порази од Херта и Волфсбург.

Да Коста ја отвори средбата во 28-та минута, Костиќ зголеми на 2-0 во 57-та минута. „Фармацевтите“ се обидоа да се вратат во мечот, Белараби ја намали предноста на домаќините во 65-тата минута, но до крајот не успеаја да го избегнат седмиот овосезонски пораз.

Ајнтрахт со 26 бода останува на петата позиција на табелата, Леверкузен и натаму има 18 бода по 15 одиграни натпревари и стојат на 11-тото место.

- Оглас -

Најнови вести