Академија Пандев сонува за победа над Вардар

Дербито на 17. коло во Прва македонска лига се игра во Струмица. Академија Пандев го пречекува лидерот Вардар, а двата тима имаат свои калкулации и желби. Гостите од Скопје со победа или евентуално реми ќе ја сочуваат предноста од пет бода пред Академија Пандев и на тој начин ќе го потврдат првото место на табелата во есенскиот дел од сезоната.

Струмичани имаат голем мотив. Освен што со победа би се доближиле на само два бода зад најголемиот конкурент во трката за титулата, тоа би било историски момент за Академија Пандев. Во досегашните девет официјални меча на овие два тима, струмичани никогаш не се радувале против најтрофејниот клуб во Македонија. Вардар има пет победи, а четири средби завршиле нерешено.

Академија Пандев нема победа на последните пет првенствени средби, но фактот дека сезонава дома е без пораз (5 победи, три реми) им дава за право да се надеваат на освојување на бодови. Двете екипи се на делба на првото место според најдобрата одбрана во лигата, бидејќи примија само по девет гола досега, а тоа значи дека и еден момент може да биде решавачки за дербито во Струмица.

Во осанатите мечеви кои почнуваат од 13 часот ќе играат: Борец – Ренова, Работнички – Силекс и Шкендија – Шкупи. Вчера Македонија ЃП и Струга ТЛ ремизираа 1:1.

 

- Оглас -

Најнови вести