Шкупи е фаворит на гостувањето во Струмица кај Академија Пандев денеска од 14.30 часот, а подобриот квалитет на чаирчани може да се поткрепи со второто место на табелата и со формата, но и со серијата од пет победи по ред во првенствените дуели против денешниот ривал.
Академците на Пандев сакаат да избегнат шестка од порази против Шкупи и со бод(ови) да фатат прилучок кон безбедните позиции во битката за опстанок.
Шкупи ќе бие битка за да го одбрани второто место и повторно да биде со два бода негатива зад лидерот Шкендија.
Исти амбиции и ист број на бодови, 16 има и Македонија Ѓорче Петров, пред тешкото гостување во Велес, кај Борец. Велешани немаат пораз на домашен терен и ќе се обидат да ја задржат низата без неуспех против една од најдобрите екипи во домашното првенство.
И останатите дуели меѓу Силекс и Работнички, Ренова со Пелистер и Струга Трим лум против Беласица се играат денеска од 14.30 часот.
Вчера во дербито Шкендија го декласираше Вардар во Скопје со 5:1.
Двојки, 9. коло, 14,30 часот:
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ
БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – БЕЛАСИЦА