11.8 C
Skopje
недела, 15 февруари 2026

Адемола Лукман ќе ја напушти Аталанта и ќе направи трансфер во Фенербахче

Желбата на нигерискиот фудбалер Адемола Лукман наскоро ќе се оствари и тој ќе ја напушти Аталанта. Кариерата ќе ја продолжи во редовите на турскиот гигант Фенербахче.

Италијанските медиуми наведуваат дека оваа недела следуваат завршните преговори меѓу двата клуба, при што сите клучни прашања веќе се договорени.

Лукман ќе замине во Фенербахче на позајмица до крајот на актуелната сезона, а потоа клубот од Истанбул ќе има обврска да го откупи неговиот договор. Целиот пакет би требало да изнесува 40 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести