Ако Англија победи, сите ќе ја копираат „а-ла Гаскоњ“ фризурата на Фоден

Англичаните се во еуфорија, цврсто веруваат дека на домашен терен ќе ја освојат европската титула, а освен тоа што се најавува дека утре таму ќе биде неработен ден, фудбалерите како дел од прославата ветија дека ќе ги следат стапките на Фил Фоден, и ќе ја обојат косата како него, што значи дека ќе станат русокоси.

Инспирацијата на Фоден да се офарба беше големиот Пол Гаскоњ, кој беше лидер на англиската селекција во 1996 година, кога Англичаните дома испаднаа во полуфиналето на ЕП. На тоа ЕП, Англија испадна со утнат пенал на Герет Саутгејт, кој сега е селектор на Гордиот Албион. Пред 25 години не успеаја, сегашната генерација ако успее, ветуваат дека сите ќе станат „блондинци“.

- Оглас -

Најнови вести