Интер ја потврди фаворитската улога во Серија А по шокантната елиминација од норвешкиот Бодо/Глимт во плејофот на Лигата на шампионите.
Нераѕурите ја совладаа Џенова со 2-0 на домашен терен во 27-то коло, продолжувајќи стабилно кон ново Скудето. Со оваа победа, тимот на Кристијан Киву собра 67 бодови, дури 13 повеќе од градскиот ривал Милан, со натпревар повеќе, и само чудо може да ги спречи да станат италијански прваци по 21-ви пат во историјата.
Џенова, предводена од Даниеле де Роси, останува на 14. место со 27 бодови, загрозена од зоната на испаѓање, само +3 пред Лече.
Интер рутински го контролираше натпреварот. Првиот погодок дојде во 31-та минута по спектакуларна акција. Димарко прими долга топка зад тројцата дефанзивци на Џенова и со левата нога постигна фантастичен гол за 1-0.
Конечниот резултат го постави Хакан Чалханоглу, кој реализираше пенал во 70-тата минута, по играње со рака на еден од дефанзивците на гостите, за конечни 2-0.

