Атлетико Мадрид е сериозно заинтересиран за Такефуса Кубо од Реал Сосиедад, а Јорганџиите ќе треба да платат 60 милиони евра ако сакаат да го купат Јапонецот кој игра на крилните позиции.
Интересно е дека половина од таа сума за отштета, значи дури 30 милиони евра, ќе му припаднат на Реал Мадрид. Кубо беше член на Реал пред да се пресели во Сосиедад, а мадриѓаните вметнаа клаузула во договорот дека треба да им припаднат 50 проценти од евентуален иден трансфер на Кубо од Сосиедад во друг клуб.