Ако Барса вечерва не е „кец“, секаква традиција паѓа во вода

Клубот Реал Валјадолид низ својата историја имал 43 гостувања на легендарниот „Камп ноу“ во Барселона, а само двапати се вратил како победник. Во 2004 година беше последниот пат кога „виолетово-белите“ останаа непоразени на гостување кај Барса.

Покрај двете победи, извојувани во сезоните 1987/88 и 1997/98, Валјадолид има и шест ремија. Другите 35 гостувања кај Каталонците ги заврши како поразен. Последниот бод кој го освоија на „Камп ноу“ беше во 2004 година. Во минатата сезона, Барселона победи со 1-0 во меч на кој Лионел Меси изведе два пенали, а го реализираше само првиот.

Првиот триумф на Валјадолид на „Камп ноу“ беше пред 32 сезони со 4-2, а гол даде и легендата Фернандо Јеро, кој подоцна се прослави во Реал Мадрид. За Барса погодија две големи имиња, Линекер и Шустер. Вториот и последен триумф беше пред 22 години, со 2-1. Еузебио и Петернац погодија за гостите, а Пици во финишот намали.

Гол-разликата во меѓусебните дуели е огромна. Барселона има дадено 137, а примено 29 гола на свој терен против Валјадолид. Имало и победи од 7-1, 6-0, 6-1.

Затоа според квотата за победа на Барселона, нема многу да добиете, но тука е квотата на денот на Sport Life, која ви нуди да типувате на голови во мрежата на гостите.

- Оглас -

Најнови вести