2.8 C
Skopje
недела, 1 март 2026

Ако Чаби Алонсо дојде на „Енфилд“, ќе донесе и една ѕвезда од Реал Мадрид

Чаби Алонсо наводно планира, доколку ја преземе клупата на Ливерпул, со себе да поведе и еден од своите поранешни избраници, турскиот офанзивен играч за врска Арда Ѓулер.

Младиот Турчин профилно одговара на стилот на Ливерпул, креативен е, технички поткован и способен да покрие повеќе позиции во средниот ред и офанзивата. Во европски рамки важи за еден од најталентираните фудбалери од својата генерација, со значителен простор за дополнителен напредок.

Ѓулер има договор со Реал Мадрид до летото 2029 година, со откупна клаузула што се движи меѓу 500 милиони и една милијарда евра. Тоа значи дека евентуален трансфер би барал директни преговори меѓу Ливерпул и шпанскиот гигант.

Според шпекулациите, неговото заминување од Мадрид би било реално само доколку Чаби Алонсо официјално биде именуван за нов менаџер на Црвените. Во тој случај, Ѓулер би можел да добие значително поважна улога во новиот проект, можеби и поголема од онаа што ја има во моменталниот состав на Кралевите.

Турскиот репрезентативец пристигна во Реал во 2023 година од Фенербахче за 20 милиони евра и веќе во своето досегашно портфолио има титула во Лигата на шампионите и шампионска круна во Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести