Ако Чави не биде тренер на Барселона, ќе го убијам

Еден од најдобрите напаѓачи кои го носеле дресот на Барселона, Самуел Ето, нема дилеми кој треба да го преземе кормилото на шпанскиот првак во иднина. Камерунецот, кој неодамна стави крај на професионалната кариера, во интервју за едно каталонско радио истакна дека Чави е вистинскиот човек за клупата на Барселона, а доколку Шпанецот не го направи тоа во иднина, му се закани дека ќе го убие.

„Засега е тренер во Катар, но Чави мора во иднина да биде тренер на Барселона. Ако не го стори тоа, ќе го убијам. Тој е најдобриот играч со кого сум делел соблекувална, иако сум играл покрај Роналдињо и Меси. Знам дека ќе се снајде во таа улога, иако предизвикот е огромен. Невидено интелегентен беше на теренот, сигурен сум дека ќе има успешна тренерска кариера“, истакна Ето.

Чави засега тренерскиот занает го изучува во тимот на Ал-Сад, тој ангажман му е прв откако стави крај на фудбалската кариера.

- Оглас -

Најнови вести