Ако е точно, може добро да заработите во Sport Life: Италијанците предвидуваат дека Видал ќе потпише за Интер

Кризата во Барселона засега нема разрешница. Уште не е јасно кои играчи ќе си одат, а кои ќе останат на „Камп ноу“ во следната сезона. Еден од оние за кои се верува дека ја заврши ерата во каталонскиот гигант е Артуро Видал.

Чилеанскиот репрезентативец е во слична ситуација како Меси. Како и Аргентинецот, Артуро има да одработи уште една година од договорот со Барселона, но можно е летово да си замине. Новиот тренер на каталонскиот гигант, Роналд Куман, потенцирал дека Видал не е во неговите планови за новата сезона, па сега се бара нов клуб за еден од најборбените фудбалери во тимот.

Според „Скај Италија“, Интер е клубот кој би сакал да го види Видал во своите редови. Нераѕурите се меѓу фаворитите и за потписот на Меси, но засега нема ништо конкретно. 

Во Sport Life има одлична понуда и може да се обложите каде ќе продолжи Видал во новата сезона. Коефициентот за заминување во Интер е реален, но можно е да се врати и во Јувентус, каде што играше во периодот од 2011 до 2015 година.

Освен понудата за обложување каде ќе игра Видал следната сезона, тоа може да го направите и за уште голем број ѕвезди, како што се: Лионел Меси, Нејмар, Луис Суарес, Садио Мане, Антоан Гриезман, Герет Бејл, Лаутаро Мартинес, Лука Јовиќ, Сергеј Миленковиќ-Савиќ. Целата понуда може да ја најдете на Sport Life во делот за Специјални игри.

 

- Оглас -

Најнови вести