Интер има важна предност пред конкурентите за потписот на Меси

Ова може може да биде најжешкото фудбалско лето во последните 20-тина години во Европа. Тоа стана јасно откако Лионел Меси вчера побара да си замине од Барселона. Аргентинецот има уште една година од договорот со каталонскиот гигант, но сака да си оди уште сега.

Во последните неколку месеци Меси имаше недоразбирања со челниците на клубот, а капак на тоа беше разговорот со новиот тренер Роналд Куман, кој му порачал дека Лео веќе нема да има никакви привилегии во екипата. По тој разговор, Меси одлучно прати писмено барање за раскинување на договорот.

Меси се надева дека без пари ќе си оди од „Камп ноу“, но челниците на Барселона бараат вистинско богатство за негов трансфер. Целата ситуација на крајот може да заврши и на суд.

Најавите се дека ако добие дозвола да оди од Барселона, три клуба се во пол-позиција за потписот на Аргентинецот. Тоа се Манчестер сити, Пари Сен Жермен и Интер. Некои најави се дека Сити е најголем фаворит, но угледниот спортски весник Мондо Депортиво пишува дека Интер има важна предност пред останатите конкуренти.

„Интер има јасна предност, а тоа е италијанскиот закон за данок. Овој клуб ќе може многу полесно да го направи трансферот, а Лео би требало да плати многу помала сума за данок отколку што тоа е во Шпанија или Англија“, објавува „Мундо депортиво“.

Меси и неговиот татко беа вмешани во скандал поради затајување данок во Шпанија. Меси беше прогласен за виновен и требаше да плати финансиска казна. Таткото на аргентинскиот вирутоз, Жорге, минатиот месец купи куќа во Милано и уште тогаш се шпекулираше дека тоа е само најава дека Меси ќе заигра за Интер.

Во Sport Life од денеска имате можност и вие да се обложите за тоа каде Меси ќе ја продолжи кариерата. Може да бирате меѓу Интер, ПСЖ, Сити, Манчестер јунајтед, Челзи, Баерн…

Комплетната понуда за овој вид обложување може да го погледнете во Специјални игри на Sport Life. 

 

- Оглас -

Најнови вести