Мајсторски одиграни: Вчера комплетно беа погодени и Типстерските совети и Квотите на денот, денес нови тури

Перфектно без ниту една грешка беа вчерашните предлози кои ги нудиме за игра во Sport Life. Погодени беа Типстерските совети, кои ако ги одигравте вчерашните пет предлози на еден тикет, ќе добиевте вкупен добитен коефициент од 54.3, како и петте предлози во Квотите на денот, чиј вкупен збир на коефициент изнесуваше 52.57.

Удинезе победи на гости кај Лече со 2:0, а од италијанската Серија А, Фиорентина со 2:1 беше подобра од Монца. Малме убедливо со 3:0 победи на гости кај Гетеборг, а Астон вила и Ливерпул одиграа фантастичен меч дури со шест гола, но што е најважно, тие беа добро распоредени и во двете полувремиња имаше по три погодоци.

Барселона немаше проблем против Сосиедад и победи со 2:0, а на полувреме каталонскиот гигант водеше со 1:0. Мајсторијата од вчерашните предлози може да ја проверите и ТУКА.

Од предлозите во Квотите на денот, Сао Пауло со 2:1 го победи Флуминесе и тука беше важно домашниот тим да постигне од 2-4 погодоци. Астон вила и Ливерпиул одиграа ефикасен дуел, кој заврши 3:3, а предлогот беше да биде гол-гол и Ливерпул да постигне барем два погодоци. Сите пет погодени предлози може да ги видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести