Хјустон на гости славеше против Феникс со 139:125, во меч на кој блескаа двете големи ѕвезди на Ракетите. Џејмс Харден беше незадржлив и постигна 47 поени, додека Расел Вестбрук застана на бројката од 30 поени. Интересно е што во сите четири четвртини, двете екипи ја достигнуваа бројката од 30 поени, што е навистина реткост.
Најдобриот тим во лигата, Милвоки бакс, без поголеми проблеми славеше против Њујорк со 123:102. Јанис Адетокумбо имаше ново шоу и на крајот заврши со трипл-дабл, постигнувајќи 22 поени, 11 скока и 10 асистенции.
Од сите одиграни мечеви, треба да се истакне и моментот кога Ајзеа Томас отиде на трибината за да се расправа со навивачи кои го навредуваа.
Во останатите мечеви кои се играа ноќеска: Бруклин – Атланта 122:112, Детроит – Чикаго 107:119, Мемфис – Сакраменто 119:115, Филаделфија – Вашингтон 125:108, Сан Антонио – ЛА Клиперс 109:134, Портланд – Минесота 113:106 и Шарлот – Јута 107:114.