Ако ја елиминира Мура, Шкендија ќе си обезбеди уште барем четири европски мечеви

Тетовска Шкендија вечерва од 20 часот во Мурска Собота гостува кај словенечкиот првак Мура, во обид да покаже дека првиот нивен дуел во Скопје кој заврши со 0-1 за Мура, беше само немање на среќа и лоша реализација на шансите.

Ако ја елиминира Мура, Шкендија ќе си обезбеди уште најмалку четири натпревари на европска сцена летово. Во следното коло од квалификациите би играле со Лудогорец или Солигорск и потоа ако загубат, одат во третото коло од квалификациите во Конференциската лига. Елиминација од Мура не значи крај на европската авантура за Шкендија ова лето, туку преселба во второто квалификациско коло од Конференциската лига.

И Словенците се мотивирани пред битката со Шкендија, ова им е јубилеен, десетти меѓународен официјален меч на свој терен, но прв во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести