Групата А ќе го отвори Светското првенство 2026, а според имињата на хартија не спаѓа меѓу најатрактивните групи на турнирот. Првиот натпревар ќе го одиграат Мексико и Јужна Африка, исто како и на Мундијалот во 2010 година. Во групата се наоѓаат уште Јужна Кореја и Чешка.
На овој меч легендарниот стадион „Ацтека“ во Мексико сити ќе влезе во историјата како прв на кој се играле три меча од отворањето на Светските првенство – 1970, 1986 и 2026 година.
Како еден од домаќините на шампионатот, Мексико ќе има огромна поддршка од своите навивачи, што автоматски го вбројува меѓу главните фаворити за првото место во групата.
Мексиканците го дочекуваат турнирот под голем притисок од јавноста, која има високи очекувања од националниот тим. „Ел Три“ ќе се потпира на домашниот терен и традицијата бидејќи на претходните Светски првенства што ги организираше секогаш стигнуваше најмалку до четвртфиналето. Целта е јасна – пласман во нокаут-фазата и избегнување на најтешките противници во раната елиминациска рунда.
Најголем предизвик за Мексико се очекува да биде Јужна Кореја, предводена од Хеунг-мин Сон. Азиската селекција е препознатлива по дисциплинираната игра, високото темпо и опасните контранапади. Нивниот меѓусебен дуел со Мексико во второто коло би можел да биде клучен во битката за првото место.
По долго отсуство од светската сцена, Чешка повторно е дел од Мундијалот и доаѓа со репрезентација која може да им создаде проблеми на сите ривали. Цврстата дефанзивна организација и физичката доминација се нивните најсилни адути, па секој противник ќе мора сериозно да се потруди за да дојде до победа против Чесите.
На хартија, Мексико и Јужна Кореја изгледаат како фаворити за пласман во осминафиналето, но ниту Чешка ниту Јужна Африка не смеат да бидат потценети во една група каде што секој бод може да биде пресуден.
Комплетната понуда на Sport Life за Светското првенство и сите специјални игри може да ги најдете ТУКА.







