Фудбалерите на Лидс добија екстра мотив пред последните две кола во кои ќе се борат за опстанок во Премиер лигата, боксерката Ебани Бриџис, им вети дека ако останат во прволигашкото друштво, како награда ќе им изведе стриптиз во соблекувална.
Австралијката Бриџис која има атрактивно тело, е светска шампионка, а и голема навивачка на Лидс.
„Еј момци, ако останате во Премиер лигата, ќе влезам во соблекувална, ќе ја соблечам маицата и ќе ви ги покажам градите или нешто слично. Ќе ве бакнам, било што. Ќе ви дадам бесплатна претплата на мојот Онлифанс. Ќе молам немојте да ме разочарате“ – порача 36-годишната Бриџис.
Денеска Лидс гостува во Лондон кај Вест Хем, и ако победи, ќе биде на еден бод пред Евертон во пресрет на последното коло. Ако Лидс не победи, ќе има негатива зад Евертон и нема да зависат сами од себе во последното коло, туку освен тоа што ќе мора да триумфираат, ќе се молат и Карамелите да загубат.