Синоќа фудбал се играше и во англиските лиги, а на дуелот од Лига 1 помеѓу Барнсли и Вајкомб победничкиот гол за домашните стана хит во светот.
Резултатот во 91-вата минута беше 0-0, тоа им одговараше на гостите и голманот Макс Стријек го задржуваше времето.
Тогаш играчот на Барнсли, Косгроув, се залета кон голманот со цел да го принуди што побрзо да ја шутне топката и се судрија, а голманот ја испушти топката. Во Вајкомб мислеа дека е фаул, но Косгроув за секој случај ја испрати топката во мрежа. За судијата немало фаул, па Црвените почнаа да се радуваат.
The winner… ⚽️ pic.twitter.com/8oqG9t6kPM
— Barnsley FC (@BarnsleyFC) November 28, 2023