Почнува лудилото во Севилја, над 25.000 фанови на денешниот тренинг на Бетис (Видео)

Цел свет се пали на Ел Класико кога силите си ги одмеруваат најголемите шпански клубови Реал Мадрид и Барселона, но според атмосферата на трибините, најлуто дерби во Шпанија е градското помеѓу Бетис и Севилја.

Утре на „Ла Картуха“ каде Бетис привремено игра како домаќин, ќе гостува Севилја и лудилото веќе е почнато. На денешниот тренинг на Бетис, присуствуваа над 25.000 фанови кои им дадоа до знаење на своите миленици дека утре мора да дадат максимум на терен и да победат.

Ако денеска беше вака на тренинг, којзнае каква ќе биде атмосферата утре за време на „Ел Гран дерби“ (големото дерби).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести