Ако мислевте дека сте виделе сè во фудбалот, грешите, ова досега не сте го виделе (Видео)

Синоќа фудбал се играше и во англиските лиги, а на дуелот од Лига 1 помеѓу Барнсли и Вајкомб победничкиот гол за домашните стана хит во светот.

Резултатот во 91-вата минута беше 0-0, тоа им одговараше на гостите и голманот Макс Стријек го задржуваше времето.

Тогаш играчот на Барнсли, Косгроув, се залета кон голманот со цел да го принуди што побрзо да ја шутне топката и се судрија, а голманот ја испушти топката. Во Вајкомб мислеа дека е фаул, но Косгроув за секој случај ја испрати топката во мрежа. За судијата немало фаул, па Црвените почнаа да се радуваат.

- Оглас -

Најнови вести