ПСЖ го напуштил стадионот во Дортмунд без Мбапе во автобусот

Клупскиот автобус на ПСЖ го напуштил стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд без напаѓачот Килијан Мбапе, објавија француски медиуми.

Според информациите, не станува збор за некој скандал, туку Мбапе го немало затоа што морал да направи допинг тест по првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите со Борусија, поради што не можел да замине со клупскиот автобус. Подоцна тој им се придружил на соиграчите на аеродромот и заедно одлетале за Париз.

- Оглас -

Најнови вести