Ако не игра во Лигата на шампионите, Кристијано Роналдо ќе загуби 25 проценти од приходите

Познато е дека Јувентус по девет години доминација и девет титули во Серија А, сезонава не го одбрани трофејот, но сега постои можност Старата дама да остане и без место во Лигата на шампионите, што би имало далекусежни последици, најмногу финансиски. Еден од проблемите е што Јуве ако не се пласира во ЛШ, речиси сигурно ќе остане без својата ѕвезда Кристијано Роналдо.

Роналдо во Јуве придонесува со голови, а и во делот на маркетингот. Популарноста на Португалецот е голема, тој е магнет за спонзори, неговите дресови се продаваат во огромни количини, па ако клубот остане без Златната кокошка, би имале проблем.

Според некои пресметки, Роналдо би останал без 25 отсто од приходите кои ги прима доколку не игра во ЛШ. Тоа е многу голема сума и Кристијано сигурно нема да сака да се откаже од тие пари. Затоа, тој мора да биде дел од ЛШ во Јуве или на друго место.

Јуве за да игра во ЛШ, во последното коло мора да ја победи Болоња и да чека Милан или Наполи да не победат.

- Оглас -

Најнови вести