36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Жота загина патувајќи кон Англија

Диого Жота кој трагично загина заедно со својот две години помлад брат Андре во тешка сообраќајна несреќа во раните утрински часови во Замора, Шпанија, одел накај Англија.

Според португалските медиуми, 28-годишниот португалски репрезентативец присуствувал на свадба на пријател за време на викендот и вчера ручал со сопругата и трите деца во Леса да Палмеира.

Жота и брат му оделе со автомобил до Сантандер на северот на Шпанија, од каде што требало да се качат на траект до Плимут, во јужна Англија, а потоа да замине во Ливерпул каде на 8-ми јули стартуваат подготовките на Црвените за претстојната сезона. Жота имаше операција на белите дробови и му било советувано од лекарите да не лета со авион, па затоа решил да оди со брод.

- Оглас -

Најнови вести