Двајца од најдобрите тенисери во светот, Роже Федерер и Новак Ѓоковиќ, ќе го претставуваат тимот на Европа на претстонијот тениски турнир „Лејвер куп“, каде што и двајцата ќе играат еден покрај друг, за првпат во нивната кариера.
Федерер при прес-конференцијата даде интересна изјава околу тоа што мисли за неговото здружување со Новак.
„Ако не можеш да го победиш, тогаш подобро е да му се придружиш. Возбуден сум што ќе играм покрај Новак. Се надевам на успешна соработка и добри партии тенис“, изјави Федерер.
Тимот Европа го претставуваат уште Александр Зверев, Давид Гофан, Григор Димитров и Кајл Едмунд.