Аналитичарот на Еуроспорт и тениска легенда, Матс Виландер, повторно ја потцени големата победа на Новак Ѓоковиќ.
„Ми се чини дека дека Јаник не беше на 100 проценти од можностите што ги покажа на овој турнир. Имавме ситуација кога Новак не се чувствуваше добро, кога не се движеше добро. Како што напредуваше, во физичка смисла, со сервисот, за негови години ова беше брутално добро. Мислев дека Синер ќе победи бидејќи не можев да замислам дека некој што има 39 години би го направил ова“, рече Виландер.
Потоа Виландер беше внимателен околу прогнозата за победник во финалето.
„Историјата ќе биде напишана, кој и да победи. Алкараз може да ги освои сите гренслеми во кариерата на само 22 години, Новак го сака својот 25-ти слем. Не можам да замислам како изгледа тоа. Тој има 38 финалиња на гренслемите, има 38 години…“ искоментира Виландер.

