Марк Гасол со настапот на Олимписките игри во Токио се прости од репрезентацијата на Шпанија, но останува активен на клупско ниво. Искусниот Шпанец чека да му понудат нов договор од Лос Анџелес лејкерс или некој друг тим во НБА, а доколку тоа не се случи, планира да се врати во родната земја.
Според шпанската „Марка“, доколку Гасол не добие НБА-понуда, неговиот план е да заигра за екипата на Џирона, која се натпреварува во втората шпанска лига. Тоа е клуб формиран во 2015 година, а токму Гасол е газдата. Џирона минатата сезона заврши на 14-тото место во втората лига, а доколку Гасол заигра во тимот, тоа ќе биде и последна негова сезона во богата кариера, во која играше и за Барселона, Мемфис, Торонто и ЛА лејкерс.