Ѕвездата на ПСЖ можно е да се врати во Реал Мадрид

Во фудбалските трансфер-кулоари сè погласно се зборува за можен трансфер на Ашраф Хакими од Пари Сен Жермен во Реал Мадрид. Актуелниот договор на Хакими со ПСЖ е до јуни 2029 година, а неговата моментална цена на трансфер-пазарот се проценува на околу 80 милиони евра.

Реал Мадрид е во потрага по играч кој ќе донесе стабилност во одбраната, но ќе може да направи и брза трансформација во нападот, а тие карактеристики ги има токму Хакими. Мароканскиот репрезентативец „царува“ по десната аут-линија, одлично ги затвора противничките продори, а во транзиција знае да биде многу опасен.

ПСЖ и Реал веќе имале преговори за евентуален трансфер кој би можел да се случи ова лето. Доколку се реализира оваа најава, Хакими, кој е роден во Мадрид, би се вратил во Реал по пауза од шест години. Тој уште на почетокот на кариерата започна во младинските категории на Кралскиот клуб, каде што потоа беше член до 2020 година, но никогаш не доби вистинска шанса да се докаже.

Хакими потоа со успех играше за Борусија Дортмунд, Интер и сега во ПСЖ, но многу можно е за неколку месеци да се врати во „матичниот“ клуб. Иако има само 27 години, Хакими веќе има и 93 настапи за репрезентацијата на Мароко.

- Оглас -

Најнови вести