Ако некој знае како против Баерн, тоа е Ајнтрахт (Видео)

Ајнтрахт ја задржа предноста која ја имаше по првото полувреме, и го совлада Баерн Минхен со 2-1, што за баварците е трети пораз сезонава во германското првенство.

Роберт Левандовски со 26-тиот погодок сезонава само го ублажи поразот кој беше најавен по првото полувреме, по кое домашните имаа предност од 2-0. Инаку, ова е 23-ти пораз на баварците во Франкфурт, на ниту едно друго гостување низ светот немале толку порази како во Франкфурт.

Ајнтрахт на 11 меча по ред има дадено барем два гола, и покажува зошто е втор најефикасен тим во Бундеслигата зад Баерн кој има рекордна ефикасност (62 гола во 22 кола).

- Оглас -

Најнови вести