Ако немаше ВАР, три екипи ќе беа со еднаков број бодови на чело на табелата во Премиер лигата

Манчестер сити вечерва гостува кај Вест Бромвич албион и со победа ќе се искачи на чело на табелата по комплетирани 19 кола, односно точно на половина од првенството во Премиер лигата. Граѓаните моментно имаат 38 бодови и се на второто место, со два бода помалку од градскиот ривал Манчестер јунајтед, кој е лидер.

Во Англија беше направена анализа за тоа како би изгледала табелата ако сезонава не се користеше ВАР-технологијата, табелата во Премиер лигата ќе имаше три екипи со еднаков број бодови на чело на табелата. По 38 бодови ќе имаа Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Ливерпул.

Според тоа каква е реалната ситуација на табелата, Црвените ѓаволи би загубиле два бода од тековното конто, Сити ќе беше на „нула“, додека Ливерпул ќе имаше четири бода повеќе од актуелните 34 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести