Шпанскиот репрезентативен напаѓач Диего Коста го раскина договорот со Атлетико Мадрид и кариерата ќе ја продолжи на друго место, но ако потпише за Реал Мадрид, Барелона или Севилја, ќе треба на Атлетико да му плати „казна“ од 25 милиони евра. Таква клаузула вметнале Јорганџиите во договорот уште кога тој од Челзи се врати во Атлетико.
Денешното ослободување на Бразилецот со шпански пасош значи дека тој може да оди бесплатно каде што сака, освен во овие три ривалски клубови од Шпанија.