Францускиот шампион ПСЖ и официјално испрати понуда за Бернардо Силва до Манчестер сити, веќе ја одреди замената ако остане без Португалецот.
Според новинарот на „Футмеркато“, Себастијан Денис, ПСЖ понудил 42 милиони евра и еден неименуван фудбалер до Манчестер сити.
Граѓаните за да го пуштат португалскиот репрезентативец бараат 100 милиони евра, а доколку успеат да најдат заеднички јазик со ПСЖ, веќе ја имаат пикирано замената.
Во случај да остане без Бернардо Силва, Манчестер сити ќе тргне по потписот со фудбалерот на Интер и на италијанската репрезентација, Николо Барела.
Италијанецот е проценет на 75 милиони евра, кои не би требало да претставуваат проблем за европскиот шампион.