Ако овие колена не претрпеа операции, Роналдо можеше да биде најдобар на сите времиња (Фото)

Луис Назарио да Лима Роналдо, важи за еден од најдобрите фудбалери во историјата, а многумина мислат дека тој имаше потенцијал да стане и најдобар, доколку не беа повредите на колената кои ги здоби додека беше во топ форма, кога го носеше дресот на Интер.

Роналдо имаше две страшни повреди, по кои долго отсуствуваше од терените, а иако подоцна се врати и играше доста добро, сепак ја немаше брзината и експлозивноста кои ги правеа незапирлив.

Поминаа повеќе од 20 години од операциите, а лузните на колената се потсетување на тие повреди кои го запреа Феноменот Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести