Ако Реал летово донесе бесплатно играч како Мбапе, тоа ќе биде трансфер на векот (Видео)

Килијан Мбапе се спомнува како иден член на Реал Мадрид, неговиот договор со ПСЖ истекува во јуни, па Мбапе би можело да замине во Мадрид како слободен играч.

Вечерва Мбапе покажа каков фудбалски мајстор е, беше најопасен во 90-те минути во Париз и заслужи да даде гол. Среќата му се насмеа во 94-та минута, кога на феноменален начин ја надмудри одбраната на Реал и на ПСЖ му донесе важна победа од 1-0.

Има најави дека Мбапе по реваншот во Мадрид, ќе одлучи дали ќе се пресели во Реал, а Кралскиот клуб во живо се увери што би добил ако го донесе во своите редови, и тоа гратис, без да плати отштета. Тоа би било генијален потег на претседателот Флорентино Перес.

Ова е голот на Мбапе против Реал:

- Оглас -

Најнови вести