6.8 C
Skopje
петок, 12 декември 2025

Ако Реал загуби од Алавес, тренерот Чаби Алонсо може да заработи до 30 милиони евра!?

По серијата лоши резултати, тренерот на Реал Мадрид Чаби Алонсо е пред отказ. Иако на „Сантијаго Бернабеу“ дојде пред само шест месеци, според сите најави од Шпанија, доколку Реал Мадрид загуби од Алавес, Алонсо ќе добие отказ.

Досега, само на 28 натпревари Алонсо е предводник на Реал, а ако на следниот дуел против Алавескралевите загубат, шпанскиот стратег ќе мора да си замине. Доколку тоа се случи, Алонсо одлично ќе заработи, затоа што тренерот има клаузула која му овозможува одлична финансиска безбедност.

„Реал Мадрид би можел да им плати повеќе од 30 милиони евра на Чаби Алонсо и неговиот тим поради неговото отпуштање. Тој добива околу девет милиони евра нето плата по сезона“, објавуваат шпанските медиуми. Се проценува дека Алонсо заработил околу 13 милиони евра за време на неговите три години во Германија како тренер на Баер Леверкузен пред Реал Мадрид.

Медиумите исто така тврдат дека претседателот на Реал, Флорентино Перез, веќе започнал да бара нов тренер. Во случај Алонсо да биде отпуштен, наводно се останати само три имиња во трка за да го заменат – Зинедин Зидан, Јирген Клоп и Алваро Арбелоа.

- Оглас -

Најнови вести