Ако се „блокираат“, Данците покажаа дека ни Белорусија не може да ја победат (Видео)

Данска е научена да биде дел од големи фудбалски натпреварувања затоа што репрезентацијата им учествуваше на пет од последните седум Светски првенства, а кога се работи за Европските шампионати, може да се пофалат и со титула освоена во 1992 година. Едноставно, Данска има фудбалска историја и традиција, нешто со кое не може да се пофали Македонија. Нашата селекција има само еден настап на ЕП, а никогаш не била дел од Мундијалите.

Сепак, традицијата и историските факти остануваат небитни кога вечерва од 20:45 часот на стадионот „Паркен“ ќе излезат фудбалерите на Данска и Македонија во бараж-дуелот за пласман на СП 2026. Македонија во баражот се пласира благодарение на првото место во Лигата на нациите, додека Данска е во баражот како второпласирана во квалификациите за СП.

Додека за Македонија е успех што е дел од баражот, за Данска ова е неуспех, посебно според тоа како се одвиваа квалификациите. На две кола до крајот од квалификациите Данска беше прва во групата и на свој терен играше против најголемиот аутсајдер Белорусија. Со победа на тој меч пред своите навивачи, Данска ќе беше веќе дел од планетарниот собир.

Водеше фаворитот со 1:0, но Белорусија, која играше за својата чест, во второто полувреме даде два гола и го сврте резултатот во своја корист. До крајот на мечот Данска успеа да израмни на 2:2, но не и да поведе, па првата „меч-топка“ за пласман на СП беше пропуштена. Головите од ОВОЈ МЕЧ МОЖЕ ДА ГИ ВИДИТЕ ТУКА.

Во последното коло Данска гостуваше кај Шкотска. Тоа беше директен дуел на двете најдобри во групата. На Данска доволно ѝ беше да не загуби за да остане на првото место, додека Шкотите мораа да бркаат триумф за да бидат директно на СП.

Резултатот беше 2:2 до 90+2 минута, а Шкотите постојано притискаа да дадат трет гол. Ерупција од радост се случи на стадионот во Единбург, кога Шкотите погодија за 3:2 во 90+3 минута, а потоа „нокаутираните“ Данци примија и четврти гол, па ја пропуштија и втората „меч-топка“ за пласман на СП и таа драма може да ја видите ТУКА. 

Сега е ред по двата нокдауни, Македонија да им го зададе финалниот нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести