Дербито од ракометната Супер лига на Македонија меѓу Вардар и Охрид кое се игра во СРЦ „Јане Сандански“ е на понудата и во Sport Life. Според сите предвидувања, Вардар е голем фаворит за победа. Црвено-црните ќе играат на свој терен, пред своите навивачи, а на своја страна ја имаат и традицијата.
Во последните 23 одиграни меча меѓу овие два тима, Вардар секогаш победувал. Сепак, Охрид има свои калкулации. Ако се погледнат резултатите од последните четири меѓусебни дуели, забележително е дека тимот од Охрид дава голем отпор, па Вардар има победи со по еден, два и три разлика. Резултатите во корист на вардар биле 27:26, 29:26 и 27:25. Во овој период, еднаш било и 29:22.
Токму затоа, за многумина би било привлечно да се одигра и „2-ка со хендикеп“, затоа што ќе биде интересно да се види дали Вардар ќе може да победи со повеќе од шест голови.