8.8 C
Skopje
вторник, 10 февруари 2026

Борозан и официјално во ГРК Охрид, најавува атак на сите трофеи!

Црногорскиот репрезентативен лев бек, Вуко Борозан, е нов играч на ГРК Охрид!

Борозан (203 см, 31 год.) потпиша договор со важност до крајот на сезоната. Во Охрид доаѓа од Вардар 1961, а во својата богата кариера има настапувано и за екипите на Веспрем, Загреб, Ловќен, Металург, итн.

„Многу сум среќен што потпишав за екипа со големи амбиции, екипа која има одлични ракометари. По разговорот со тренерот Ројевиќ и управата на клубот одлучив да ја продолжам својата кариера во Охрид. Пред нас следуваат многу натпревари, а нашиот тим ќе атакува на сите три трофеи! Ги поздравувам охридските навивачи, групата Рибари да нè бодрат во што поголем број за да стигнеме до целите на клубот“, изјави Борозан.

 

- Оглас -

Најнови вести