24.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Ако ѝ се верува на традицијата, Силекс ќе ја победи Македонија ЃП со еден гол разлика (Фото)

Возбудувањата во Првата македонска фудбалска лига продолжуваат со меч на поранешните шампиони во Кратово. Силекс ја пречекува Македонија ЃП, во меч на кој домашните се апсолутни фаворити за победата.

Кратовци имаат одличен старт и два од два, откако на домашен терен славеа со убедливи 5-0 над Брера, а потоа и службено го добија мечот против Шкупи, за кој нема сомнеж дека доколку се играше ќе завршеше со убедлив резултат во корист на Силекс.

Избраниците на Александар Васоски се апсолутни фаворити за победа и на дуелот против Македонија ЃП со квота од 1.21 во понудата на Sport Life. Изненадување на „лавовите“ од Ѓорче Петров има квота од 12.00.

Она што е интересно на петте последни меча на овие две екипи е фактот дека домаќинот победувал со само еден гол разлика, иако два од овие натпревари се од пријателски карактер. Ако ги сметаме само официјалните натпревари, домаќинот победуваше со еден гол разлика на четири од последните пет натпревари.

Доколку традицијата продолжи и се одлучите да одиграте дека Силекс ќе победи со еден гол разлика, тогаш имате фантастична квота во понудата на Sport Life од 3.40.

- Оглас -

Најнови вести