Торонто репторс со самиот пласман во големото НБА финале веќе испиша нова страница од својата клупска историја, првпат еден канадски клуб се наоѓа на четири победи од титулата во најсилната лига на светот, а доколку „рептилите“ го шокираат Голден стејт во големото финале, Марк Гасол ќе му се придружи на братот Пау, како единствени браќа во историјата кои освоиле титула.
Во 2015 година, браќата Гасол станаа првите што играле на ол-стар натпреварот, а сега имаат прилика да бидат првите и со титули. Постариот Гасол има две титули, во 2009 и 2010 година како играч на ЛА Лејкерс.
Во НБА не се памети ниту двајца браќа да играле во големото финале, а камоли да освоиле шампионски прстени. Шансата за Шпанците е тука, но сега доаѓа најтешкиот дел од работата, иако Торонто ја има предноста на домашниот терен во финалето против Вориорс кои ја бркаат четвртата титула во последните пет сезони.
Се покажа дека трампата во февруари кога Марк Гасол од Мемфис прејде во Торонто, беше добар потег. Иако статистичките бројки на Марк се послаби во Репторс, отколку што беа во Гризлис, неговото присуство во одбраната, лидерство и искуство, се клучни на патот на Торонто до големото финале.
Според квотите во обложувалниците Sport Life, фаворит за титула е Голден стејт. Коефициентот за титула на Вориорс е 1.35, додека за Рептор е 3.40, што што се однесува до првиот меч од серијата, закажан за ноќта четврток кон петок, засега благо фаворити се Канаѓаните кои играат дома.