Ако утрешниот меч Вест хем – Евертон заврши нерешено, може двајцата тренери да добијат отказ!

Вест хем и Евертон се во голема резултатска криза и бележат резултати многу полоши од очекуваните, па менаџерите Дејвид Мојс на Чеканите и Френк Лампард на Карамелите се под притисок дека мора да победат инаку ќе ја загубат работата.

Но, има една луда варијанта според која по мечот може и двајцата да добијат отказ, а тоа може да се случи ако средбата заврши нерешено. Реми не им одговара ни на едните ни на другите.

Досега никогаш не се случило двајца тренери да бидат сменети по ист меч, па можеби утре ќе се испише историја на Премиер лигата, во негативен контекст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести