Ако војната не сопре до 21 март, сите мечеви на руските клубови ќе бидат избришани!

Руските клубови кои моментално се суспендирани од кошаркарските Евролига и Еврокуп имаат рок до 21 март да се вратат во двете најсилни европски натпреварувања. Поради војната во Украина, екипите на ЦСКА, Уникс, Зенит и Локомотив Москва моментно се суспендирани, а единствена опција да се вратат на теренот оваа сезона е војната да заврши до 21 март.

Доколку војната продолжи и по овој датум, резултатите на сите руски клубови ќе бидат избришани, а потоа ќе се формира нова табела во Евролигата и Еврокупот и сезоната ќе продолжи без нив.

Според сегашниот план, сите одложени мечеви треба да се одиграат најдоцна до 14 април, но тој рок може да биде пролонгиран доколку војната во Украина сопре за помалку од 20 дена.

- Оглас -

Најнови вести