Актуелниот македонски фудбалски првак, Шкендија, го раскина договорот со босанскиот тренер Бруно Акраповиќ.
Ремито без голови против Борец во Тетово, беше последен меч на Акраповиќ како шеф на стручниот штаб на тетовци.
„Шкендија соопштува дека тренерот Акраповиќ веќе нема да биде шеф на стручниот штаб на Црвено-црните бидејќи соработката е раскината по меѓусебен договор. Клубот и тренерот Акраповиќ сметаат дека прекинот на соработката во овој момент е во интерес на двете страни. Во оваа прилика, Шкендија му се заблагодарува на тренерот Акраповиќ за придонесот во периодот додека го водеше тимот и му посакуваме здравје и многу успеси во тренерската кариера“ – соопштија од Шкендија.
Неофицијално, главен кандидат за нов тренер на Шкендија е Артим Шаќири.