Акробацијата на Лаутаро и голот на Карбони ги расплакаа јапонските фанатици (Видео)

Интер од Милано со многу среќа и искуство победи на вториот свој меч на Светското клупско првенство, славеше со 2-1 против Урава редс од Јапонија.

Урава поведе рано по една феноменална акција на Канеко и неговата асистенција до стрелецот Ватанабе, а Интер долго се мачеше да израмни и успеа во 78-ма минута со атрактивен гол на Лаутаро Мартинез кој одлично се снајде по еден изведен корнер и од невозможна позиција даде гол.

Победата на Нераѕурите им ја донесе резервата Карбони во 92-ра минута, па сега Интер е во добра ситуација да оди во осминафинале, иако му претстои тежок меч со Ривер плејт.

- Оглас -

Најнови вести