6808 Фенербахче – Лил (19.00 часот)
Жозе Мурињо е мајстор за нокаут-натпревари, посебно во Европа, а турскиот гигант се обидува да обезбеди место во групната фаза од Лигата на шампионите. Фенербахче го загуби првиот меч со 2-1 против Лил, па сега нема друг избор освен да победи. Фудбалерите ќе имаат фанатична поддршка од трибините, а тоа некогаш знае да биде и решавачки фактор.
Предлог тип: 1 (1.79)
6810 Лудогорец – Карабах (20.00 часот)
Лудогорец и Карабах одиграа отворен меч во Азербејџан, а бугарскиот претставник славеше со 1-2. Далеку од тоа дека вечерашниот гостин ќе се откаже од борбата за пласман во следната квалификациска рунда од ЛШ, а за тоа ќе мора да нападне со сите сили. Тоа ќе отвори повеќе простор и за Лудогорец, кој има одлични напаѓачи. Се очекуваат најмалку три гола и на реваншот.
Предлог тип: 3+ (1.78)
5263 Ал-Хилал – Ал-Ахли (18.15 часот)
На дуелите меѓу Ал-Хилал и Ал-Ахли секогаш има многу голови, а најчесто актуелниот шампион е тимот што слави на крајот. Ова е дуел за Суперкупот на Саудиска Арабија и тимот во којшто настапуваат Сергеј Милинкович-Савиќ и Александар Митровиќ е фаворит за трофејот. Типуваме на Ал-Хилал и најмалку три гола на овој меч.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.02)
6814 Глазгов Ренџерс – Динамо Киев (20.45 часот)
Нема да му биде лесно на Динамо Киев на гостувањето во Глазгов, каде што секогаш има жешка атмосфера. Првиот дуел заврши 1-1, па и на реваншот се очекува да биде слично. Предлогот е на голови, да има најмалку еден, а најмногу три гола во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.82)
6807 Бодо/Глимт – Јагелонија (19.00 часот)
Норвешкиот тим игра отворен фудбал, секогаш на гол повеќе од противникот, а Јагелонија ќе мора да се отвори со оглед дека го загуби првиот меч дома со 0-1. Тоа, секако, ќе биде можност повеќе и Бодо/Глимт да го загрози голот на гостите со брзи противнапади кои ги изведува неверојатно умешно.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.98)