Официјалниот крај на „војната“ на УЕФА и ЕКА со таканаречената Суперлига, донесе крај на поделбите во европскиот фудбал.
Многумина откажувањето на Реал Мадрид од формирање елитна лига ривалска на Лигата на шампионите го сметаат за личен пораз на неговиот претседателот Флорентино Перез кој беше главен идеолог на Суперлигата, но можеби и не е баш така.
Сега во фудбалот има распространета видео технологија која се заговараше во 2022 година од страна на Перез и Суперлигата.
Единството е обновено. УЕФА, ЕКА (асоцијација на европски клубови) и Реал Мадрид постигнаа договор со кој се става крај на Суперлигата и на сите правни спорови околу европскиот клупски фудбал.
Насер Ал-Келаифи кој е претседател на Пари Сен Жермен и ЕКА, а член е и на Извршниот комитет на УЕФА, одигра клучна улога како посредник помеѓу двете страни.
„Горд сум и многу среќен. Сакам да им се заблагодарам на сите, на сите страни вклучени во овој историски договор. На претседателот на УЕФА, кој прави толку многу секој ден за европскиот фудбал, најинтелигентниот и најскромен лидер. И, секако, на Флорентино Перез, многу елегантен и интелигентен човек, визионер, некој што секогаш се обидува да ги турка работите напред, да ги подобри. И ако некој каже или мисли дека денес „изгубил“, тој е глупав и не знае апсолутно ништо за фудбалот. Најважно е што сите ние победуваме, никој не губи. Фудбалот победува, што е она што сите го сакавме, тоа беше целта што сите си ја поставивме за доброто на фудбалот и неговите навивачи. Војната не нè носеше никаде, сега никој не губи“, рече Катарецот.
Во ЕКА има 820 клубови, но со враќањето на Реал Мадрид во тоа друштво, започнува светло поглавје за клупскиот фудбал, смета Ал-Келаифи.

